Aмериканецот Максим Креси не успеа да се пласира во главната фаза на УС Опен откако во квалификациите Јан Чоински го победи со 0:6, 7:6 и 6:7. Поразот донесе голем бес кај Креси кој почна да фрла на теренот се што има на неговото столче. Можеше да се забележи дека публиката покрај теренот е изненадена од неговото однесување.