Каталонскиот клуб објави компилација од најдобрите погодоци од тренинг-центарот оваа сезона, вклучувајќи го и извонредниот удар на најдобриот играч на светот. Многумина мислеа дека Лео Меси го задржува најдоброто во себе при натпреварувачките дуели, но тоа воопшто не е така. Погледнете во продолжение и уживајте во фантастичните удари, дел од тренинзите на Каталонците.