Данска ја совлада Франција со 34-29 во финалето на Светското првенство (СП), а за МВП беше избран Матијас Гидсел. Гидсел, исто така, заврши како најдобар стрелец на турнирот, откако постигна 60 голови на девет натпревари. Место во идеалниот тим имаше за Андреас Волф, Никлас Екберг, Анхел Фернандез, Лудович Фабрегас, Алекс Душебаев, Симон Питлик, Недим Ремили.