Лос Анџелес Клиперс го ангажираа 31-годишниот крилен центар Серж Ибака. Откако Монтрезл Харел замина во ЛА Лејкерс, Клиперси го донесоа играчот кој во 2019. година го освои насловот со Торонто. Ибака потпиша двегодишен договор со екипата Клиперси вреден 19 милиони долари. ЛА Клиперс во новата сезона ќе биде меѓу кандидатите за освојување на прстенот.