Шефот на стручниот штаб на Брегалница, Марјан Секуловски е задоволен од реализираните подготовки на Златибор, сега во очекување на финалната подготвителна фаза пред стартот на сезона во Првата македонска фудбалска лига. „Сините“ на Златибор одиграа четири пријателски натпревари притоа победувајќи ги црногорските прволигаши Морнар (2-0) и Искра Даниловград (2-1), како и српскиот прволигаш Бачка Паланка (2-1), а ремизирајќи со Графичар …