Дома Македонски спорт Мак фудбал Секуловски: Им честитам на фудбалерите, задоволен сум од подготовките во Златибор

Секуловски: Им честитам на фудбалерите, задоволен сум од подготовките во Златибор

Шефот на стручниот штаб на Брегалница, Марјан Секуловски е задоволен од реализираните подготовки на Златибор, сега во очекување на финалната подготвителна фаза пред стартот на сезона во Првата македонска фудбалска лига.

„Сините“ на Златибор одиграа четири пријателски натпревари притоа победувајќи ги црногорските прволигаши Морнар (2-0) и Искра Даниловград (2-1), како и српскиот прволигаш Бачка Паланка (2-1), а ремизирајќи со Графичар (2-2).


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Кога се ќе се сумира може да бидеме задоволни од подготовките на Златибор кои во голема мера ни ја дадоа сликата околу изгледот на тимот за престојната сезона. Може да им честитам на фудбалерите за максималната посветеност на подготовките. Имавме одлични услови за работа на Златибор. За десет дена одигравме и четири пријателски натпревари со три победи и едно реми, а низ активен ритам шанса добија буквално сите фудбалери“ – вели Секуловски.

Пред Брегалница сега остануваат уште последните два пријателски натпревари пред стартот на прволигашката сезона. На 28. јули против Тиквеш и генералката против Силекс на 1. август, на кои треба да се корегираат до крај и сите утврдени недостатоци во играта.

„Јасно е дека низ последните тест дуели ќе се корегираат и сите лоши моменти кои сосема очекувано се појавуваат низ подготвителниот период. Факт е дека минуваме низ успешен подготвителен циклус, и верувам дека сосема подготвени ќе го дочекаме враќањето на прволигашката сцена“ – истакнува Секуловски.

Фото: ФК Брегалница

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Женските фудбалски надежи ќе учествуваат на УЕФА турнир во БиХ

Младата женска репрезентација на Македонија до 16 години во периодот од 16 до 24 април уче…