Крсте Велкоски повеќе не е играч на босанскиот прволигаш Сарајево, денес босанскиот клуб го потврди прекинот на договорот кој имаше важност до јуни 2023 година. Велкоски на два пати го носеше дресот на Сарајево, а клубот емотивно му кажа довидување, но не и збогум. Најавите од Босна се дека по завршувањето на кариерата тој ќе добие некоја функција во клубот. …