Судијата Дарко Радески спречи можна трагедија на вчерашниот натпревар од Третата лига – Запад помеѓу Речица и Доброште. Имено, домашниот фудбалер Блертон Шабани по удар на топката со глава, лошо паднал удирајќи со главата в земја, по што загубил свест. Радески веднаш дотрчал до фудбалерот и со вртење на едната страна му го извадил јазикот, со што спречил гушење.