Предраг Самарџиски, поранешниот македонски репрезентативец се врати на кошарката после една година пауза во која немаше клуб поради пандемијата со коронавирусот. 34 годишниот Самарџиски ќе игра во турскиот второлигаш Јени Мамак. Овој тим е релативно непознат за македонската спортска јавност и доаѓа од предградието на Анкара во овој момент е на осмата позиција во втората турска лига со скор 12:10. …