Норвешкиот тренер и шеф на стручниот штаб на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер на денешната прес конференција најави дека Антонио Валенсија ќе го напушти клубот на крајот од сезоната. Еквадорецот има важечки договор со клубот до ова лето, а со оглед дека има големи проблеми со повредите и одигра само шест натпревар оваа сезона, јасно е дека дојде време за простување. …