Дома Фудбал Англија Манчестер Јунајтед мора да му понуди договор во следните 24 часа, или играчот заминува бесплатно!

Манчестер Јунајтед мора да му понуди договор во следните 24 часа, или играчот заминува бесплатно!

Англиските медиуми денес објавија дека Манчестер Јунајтед се соочува со сериозен проблем поради договорот кој го има Антонио Валенсија.

Валенсија веќе неколку години го носи дресот на „црвените ѓаволи“, па иако оваа сезона не е премногу стандарден, сепак е важен играч за тимот. Искусниот фудбалер има проблеми со повредите и оваа сезона одигра само пет меча во Премиер лигата, па прашање е дали и следната сезона ќе биде член на Манчестер Јунајтед.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Имено, договорот на Валенсија со Манчестер Јунјатед истекува на крајот на сезоната, а челниците на клубот имаат уште 24 часа да донесат одлука дали ќе го задржат Еквадорецот на „Олд Трафорд“.

Доколку Валенсија во наредните 24 часа не потпише нов договор има право да преговара со други клубови и да си замине на лето како слободен играч.

Наводно конечната одлука ќе ја донесе Оле Гунер Солскјер, кој треба да одлучи дали Валенсија ќе му треба во тимот. Од доаѓањето на Норвежанецот Валенсија одигра само еден меч на кој се повреди.

Јунајтед во договорот со играчот има ставено клаузула според која до 1-ви март мораат да потпишат нов договор, во спротивно Валенсија може да си замине без обештетување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дамата ги нагости граѓаните, Милан едвај, Барса го освои Дортмунд

Јувентус запиша голема победа и ја продолжи агонијата на Гвардиола, Милан едвај дојде до п…