Дома Фудбал Англија Одлуката на Лукаку во избор за најдобар играч на сезоната во Јунајтед ги изненади сите

Одлуката на Лукаку во избор за најдобар играч на сезоната во Јунајтед ги изненади сите

Белгијскиот напаѓач Ромелу Лукаку не игра најдобро оваа сезона, но Оле Гунар Солскјер верува дека брзо ќе ја врати старата форма.

Откако Жозе Мурињо доби отказ Лукаку повеќето натпревари ги гледаше од клупата, но во последно време Солскјер му даваша шанса за игра. Сигурен е дека напаѓачот ќе ја пронајде својата форма и ќе покаже зошто Јунајтед вложи толку пари за него.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Лукаку овие денови се наоѓа во центарот на вниманието, но не поради своите игри, туку поради изборот за најдобар играч од својот тим. Имено, играчите на Јунајтед ги номинираат своите соигра за најдобар играч на Црвените ѓаволи во оваа сезона, а изборот на овој напаѓач ги изненади многумина.

Имено, Лукаку за оваа награда го именува Лук Шо, и порача дека левиот бек тоа едноставно го заслужи.

„Лук Шо за мене е играч на сезоната без никакви дилеми. Одлично игра од почетокот, а треба да се сетите дека се врати од тешката повреда поради која беше надвор од терените цела сезона. Тоа за мене е фасцинантно и верувам дека ја заслужува оваа награда.“ – изјави Лукаку.

Инаку, кога сме кај Лукаку, тој од неодамна се поврзува со трансфер во Јувентус, кој е спремен да издвои дури 75. милиони евра за неговите услуги. Лукаку во Торино би требало да пристигне како замена за Марио Манџукиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…