Дома Фудбал Севиља потврди: Легендата добива доживотен договор, но заминува – тренерот!

Севиља потврди: Легендата добива доживотен договор, но заминува – тренерот!

Фудбалскиот клуб Севиља денеска соопшти дека тенорот Кике Санчез ќе си замине на крајот на сезоната, а капитенот Хесус Навас ќе добие понуда да остане во клубот.

Договорот на 59-годишниот тренер истекува во јуни 2025 година, но претседателот на Севиља, Хозе Марија дел Нидо Караско изјави дека е постигнат договор за раскинување на соработката на крајот од сезоната, па тренерот ќе си замине по само шест месеци.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Сакам да му се заблагодарам. Клубот беше во тешка ситуација кога дојде и тој успеа тоа да го промени“, изјави претседателот на Севиља, но не најави кој ќе биде новиот тренер.

Кике Санчез дојде во Севиља во декември кога беше 16. на табелата, а на две кола до крајот, тимот е на 12. место.

Претседателот на клубот изјави и дека на капитенот Хесус Навас му нуди доживотен договор. Севиља во четвртокот објави дека 38-годишниот Навас ќе го напушти клубот на крајот на сезоната.

„Сигурно дошло до недоразбирање, за што јас ја преземам одговорноста. Му нудам доживотен договор за да може да игра колку што сака во Севиља“, изјави првиот човек на клубот од Андалузија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Лудо“ дерби во Манчестер: „Ѓаволите“ со луд пресврт во две минути ја продолжија агонијата на Манчестер Сити! 🎥

Манчестер Јунајтед со луд пресврт во две минути славеше ппобеда во дербито со градскиот ри…