Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) веќе е во процес за имплементација на ВАР систем во македонскиот фудбал, со што ќе се направи значаен чекор во модернизацијата на Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Во рамки на постапката, ФФМ веќе има добиено понуди од компании специјализирани за ВАР технологија и во моментот е во фаза на евалуација и избор на најсоодветниот понудувач. …