Македонскиот репрезентативец, Дејан Илиев нема повеќе да биде дел од екипата на Сараево. Илиев оваа година потпиша за Сараево за кој одигра вкупно 14 натпревари во првенството и Купот. Двете страни се договориле да ја раскинат соработката. Илиев во декември 2023 година дојде во Сараево како слободен играч откако му заврши ангажманот во Хелсинки.