Во организација на Националната боксерска федерација, а со помош на Агенцијата за млади и спорт и Градот Скопје, годинава се одржува 50. издание на традиционалната боксерска манифестација „Златен Гонг” 2021. И покрај пандемијата предизвикана од ковид-19, годинава ќе учествуваат над 60 боксери од 13 земји, Англија, Ирска, Велс, Молдавија, Украина, Србија, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Косово, Албанија, Кина (Хонг Конг) и Бугариа. …