Ламин Диак го напушти Шкупи и кариерата ќе ја продолжи во турскиот второлигаш Тузласпор. Сенегалецот во изминатите две сезони собра 55 настапи за Шкупи и оствари учинок од пет гола и четири асистенциии. Во редовите на Шкупи тој дојде во 2019 година од Осло Фудбал Академи Дакар.