Реакциите после поразот на Хрватска од Германија на Светското првенство не стивнуваат. Данскиот Мартин Гединг јавно за националната телевизија на Данска ја призна грешката. Сепак во Хрватска тврдат дека ситуацијата во која на Карачиќ му беше досудено пробивање не е единствената грешка на Гединг и Хансен. Хрватскиот ракометен сојуз објави видео од 10 грешки на данската судиска двојка.