Денеска беше одржана ждрепката за младинската лига на УЕФА каде што од Македонија настапува екипата на Брера Струмица. Струмичкиот тим за противник го доби тимот на Сараево од Босна. Во првиот натпревар кој се игра на 18 септември, Брера ќе биде домаќин, додека 2 октомври надежите на македонскиот претставник ќе гостуваат во Сараево.