Романскиот тенисер Петру-Александру Лунцану е суспендиран ан пет години и казнет со 40.000 долари поради местење натпревари. Лунцану е прогласен за виновен затоа што не соработувал со ИТИА и не дозволил да се анализира неговиот телефон. Пет од седум обвинувања за наместени натпревари поради кои е обвинет се потврдени на сослушувањето за борбата против корупција, стои во соопштението на агенцијата. …