Барселона официјално уште еднаш го подигна трофејот во шпанската АСОБАЛ лига. Каталонските ракометари славеа вечерва над Куенка со 30:27 и го остварија 23 триумф по 24 одиграни меча. Во вечерашниот триумф удел имаше и нашиот интернационалец, Борко Ристовски кој запиша 12 интервенции, односно 46.2% одбранети удари. Следниот меч, Барселона ќе го игра против Монпелје во рамки на ЛШ.