Еден од најдобрите скијачи во светот Александер Амод Килде имаше страшен пад на трката во Венген. Килде загуби контрола и заврши во заштитната ограда, по што доби медицинска помош, а потоа со хеликоптер беше пренесен во болница. Норвежанецот остана неподвижен на снегот пред да стигне медицинската екипа, а поради тоа трката беше прекината половина час.