Реал Мадрид го договори трансферот на младиот напаѓач Хуго Ваљехо од Малага. „Кралевите“ со Малага се договорија и овој 19 годишен фудбалер ќе потпише договор до 2023 година. Сепак, талентираниот офанзивец нема веднаш да го облече дресот на Реал. Наредните шест месеци тој ќе ги помине на позајмица во Депортиво, а од лето ќе му се придружи на својот тим. …