Последните информации од Германија тврдат дека Челзи и Баер Леверкузен постигнале договор за трансфер на Каи Хаверц. Според еминентниот новинар Фабрицио Романо, двата клуба постигнале договор за трансфер на 20-годишниот Германец кој ќе биде „тежок“ 100 милиони евра. Двете страни интензивно преговараат веќе подолго време, а Леверкузен не сакаше да го пушти својот „бисер“ за сума помала од 100 милиони евра. …
