Дома Трансфер зона Челзи преговара со агентот на Хаверц

Челзи преговара со агентот на Хаверц

Челзи ова лето сака значително да го засили тимот и ќе биде многу активен на трансфер пазарот.

Откако ги ангажираа Хаким Зијех од Ајакс и Тимо Вернер од Лајпциг, Челзи сака да ја донесе ѕвездата на Баер Леверкузен, Каи Хаверц.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Откако Баерн Минхен официјално се откажа од трката за Хаверц, Челзи е фаворит за неговиот потпис и е убеден дека ова лето може да ја комплетира зделката.

Германските медиуми пренесуваат дека Челзи веќе започнал преговори со агентот на Хаверц и Германецот е спремен да се пресели на „Стенфорд Бриџ“.

Во следните денови „сините“ ќе стапат во контакт со Леверкузен, кој за својата ѕвезда бара 100 милиони евра. Сепак, медиумите се оптимисти дека трансферот би можел да се комплетира за 80 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…