Челзи ова лето сака значително да го засили тимот и ќе биде многу активен на трансфер пазарот.
Денес „сините“ го официјализираа трансферот на Тимо Вернер од Лајпциг за 52 милиони фунти, но не мислат тука да застанат.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Англиките медиуми тврдат дека Челзи ќе се обиде да донесе уште една ѕвезда од Бундеслигата, а станува збор за Каи Хаверц од Баер Левекузен.
20-годишниот талент е продукт на школата на Баер Леверкузен и веќе две сезони блеска во Бундеслигата. „Фармацевтите“ сигурно нема лесно да се откажат од него, а неговата цена секојдневно расте.
Хаверц во моментов се проценува на 85 милиони евра, а Челзи е спремен да ја плати таа сума и да ја победи конкуренцијата.
„Сините“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент и во наредните денови ќе испратат понуда од 80 милиони фунти за потписот на Хаверц.