Последните информации од Германија тврдат дека Челзи и Баер Леверкузен постигнале договор за трансфер на Каи Хаверц.
Според еминентниот новинар Фабрицио Романо, двата клуба постигнале договор за трансфер на 20-годишниот Германец кој ќе биде „тежок“ 100 милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Двете страни интензивно преговараат веќе подолго време, а Леверкузен не сакаше да го пушти својот „бисер“ за сума помала од 100 милиони евра.
Последната понуда на Челзи изнесува 80 милиони евра плус 20 милиони во вид на бонуси, на која Леверкузен кажал „ДА“.
Хаверц веќе има договор со „сините“, па се очекува во наредните денови да пристигне во Лондон и официјално да биде промовиран во нов играч на Челзи.
Трансферот на Хаверц ќе биде најскап во историјата на Челзи и еден од најскапите во историјата на Премиер лигата.
Kai Havertz to Chelsea, one step away and then… here we go! Total agreement to be reached on nest hours with Bayer Leverkusen. Last bid is going to be accepted. €80M + €20M add ons as final fee. Last details and paperworks time. ? #CFC #Havertz #Chelsea
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) August 24, 2020