Репрезентативецот на Италија, Леонардо Спинацола беше еден од најдобрите играчи кај „Аѕурите“ на ова Европско првенство, но во дуелот со Белгија заработи тешка повреда. Спинацола ја повреди Ахиловата тетива и веднаш мораше да оди на операција. Од екипата на Рома соопштија дека Спинацола се оперирал во Турку и се поминало во најдобар ред, сега пред фудбалерот е период на рехабилитација. …