Дома Македонски спорт Билети за Италија – Македонија на „црно“ достигнуваат и цена до 1.000 евра

Билети за Италија – Македонија на „црно“ достигнуваат и цена до 1.000 евра

Не владее еуфорија само во Македонија поради баражот против Италија во четврток, натпреварот со нетрпение го исчекуваат и Италијанците.

Италијанците се под поголем притисок посебно затоа што „Аѕурите“ го пропуштија последниот Мундијал во Русија во 2018 година, па втор низа би бил преголем. Но, тоа е нивни проблем, наше е да излеземе на теренот и да го дадеме максимумот.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Дека еуфорија има и помеѓу Италијанците покажува и што стадионот „Ренцо Барбера“ е комплетно распродаден (36.000), а Македонија доби околу 1.300 влезници, сепак се очекува бројот на македонски навивачи да биде и нешто поголем. Италијанските медиуми сега објавија и дека билет за овој натпревар на црниот пазар достигнува цена и од 1.000 евра.

Претходно билетите кои беа пуштени преку тикет сервисот беа по цена од 10 до 60 евра во зависност од позицијата за седење, влезниците за македонските навивачи се продаваа по цена од 12 евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Лапорта договорил голем трансфер: Барселона добива засилување од Германија

Сè повеќе се шпекулира дека Барселона веќе го завршила својот прв трансфер за новата сезон…