Се поблиску е баражот за Светското првенство во кој Македонија в четврток ќе игра против Италија, а со оглед на проблемите кои ги имаат во одбраната најверојатно стоперскиот тандем на „Аѕурите“ за овој натпревар ќе го сочинуваат Алесандро Бастони и Франческо Ачерби.
Италијанците како и Македонија вчера се собраа за овој дуел и во наредните три дена ќе се работи со полна пареа за подобра припрема. Новинарот на РАИ, Алесандро Антинели очекува Манчини мечот со Македонија да го стартува со тандемот Бастони – Ачерби. Првиот тандем Киелини – Боучи нема настап повеќе од еден месец, вратени се од повреда, но наводно Манчини не сакал да ризикува и сака да ги чува свежи за финалето.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Очекувам Ачерби и Бастони да започнат, тоа е пресметан ризик со цел да се добие на в реме за подобро закрепнување на Киелини и Бонучи за финалето“, изјави Алтинели.
За разлика од одбраната во средниот ред не се очекуваат промени и Италија ќе игра со Жоргињо, Барел и Верати.