Баражот помеѓу Македонија и Италија е се поблиску, дуелот во четврток македонската јавност го очекува со нетрпение, тоа ќе биде прв бараж за Мундијал во кој ќе играме.
На трибините во Палермо се очекуваат околу 1.300 навивачи, а уште од денес македонските фанови веќе се упатуваат за Рим од каде што со друг превоз ќе се упатат за Палермо.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Според нашите информации голем број македонски навивачи имало денес во авио линијата Скопје – Рим.
Натпреварот помеѓу Италија и Македонија се игра в четврток од 20:45 часот. За сите кои ќе го следат натпреварот во живо преттходно Фудбалската Федерација на Македонија објави ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ – ТУКА.
Ќе потсетиме подобриот од дуелот помеѓу Италија и Македонија на 29. април ќе игра за место на Мундијалот против подобриот од второто полуфинале во оваа група помеѓу Португалија и Турција.