Дома Фудбал Репрезентации ФИГЦ потврди: „Ренцо Барбера“ е распродаден!

ФИГЦ потврди: „Ренцо Барбера“ е распродаден!

Како и што се очекуваше распродадени се дополнителните билети за „Ренцо Барбера“ откако беше отворен со полн капацитет.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Италијанската фудбалска федерација објави дека за неколку часа се распродале повеќе од 5.000 билети што беа пуштени во продажба и со тоа исполнет е целиот капацитет на стадионот што е првпат од избувнувањето на пандемијата со ковид-19.

Италија ќе има огромна поддршка од сицилијанците, нешто за кое и што селекторот Роберто Манчини истакна дека е добредојдено.

Од 1. април Италија ги отвара стадионите за полн капацитет откако од март 2020 година избувна пандемијата, меѓутоа побарано беше за овој натпревар да се дозволи исклучок, иако е пред 1. април.

Македонија од друга страна ќе има околу 1.300 навивачи во гостинскиот сектор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

САД со втора победа до следната фаза

САД забележа втора последователна победа на Светското првенство во фудбал, откако ја совла…