Голема вест ни доаѓа од Холандија, која би можела да биде еден вид револуција. Фудбалскиот сојуз во Холандија сериозно размислува за идејата за мешана лига, односно фудбалерите и фудбалерките да играат заедно. „Сакаме девојките да го најдат адекватното место во фудбалското опкружување, зависно од нивниот квалитет и амбиции. Мешовитиот фудбал до сега беше можен во младинските категории“, соопштија од сојузот. …
