Дома Трансфер зона Ајакс се избламира: Го купија за 22.5 милиони евра и не го пријавиле за Лига Европа?!

Ајакс се избламира: Го купија за 22.5 милиони евра и не го пријавиле за Лига Европа?!

Холандскиот гигант Ајакс прилично се избламира откако по грешка не го пријавил своето најскапо засилување за натпреварите од вториот дел од Лигата на Европа.

Ајакс на Вест Хем плати 22.5 милиони евра за Себастијан Але и тој е еден до најзвучните оваа зима. Иако станува збор за големо засилување за клубот Ајакс не го лиценцирал за европските натпревари.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Клубот потврди дека Але не е пријавен, а сега ќе се гледа каде е направена грешката, дали во кај Ајакс или кај УЕФА.

„Але не е на списокот и се обидуваме да пронајдеме за што се работи. Во контакт сме со УЕФА, но немаме прецизен одговор зошто Але не е на списокот на лиценцирани фудбалери“, изјави за медиумите портпаролот на Ајакс, Миел Бригајс.

Во Лигата на Европа Ајакс ќе игра против Лил и првиот натпревар е закажан за на 18. овој месец во Франција. Една недела подоцна се игра реваншот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид го враќа Тео Хернандес

Реал Мадрид сака на лето да го врати во своите редови левиот бек на Милан, Тео Хернандес, …