Дома Фудбал Останато Ајакс се правда: Онана по грешка земал таблета од сопругата?

Ајакс се правда: Онана по грешка земал таблета од сопругата?

Главна вест денес во европскиот фудбал е суспензијата на еден од најдобрите голмани во овој момент во Европа, чуварот на мрежата на Ајакс Андре Онана.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Холандскиот клуб најави жалба до Спортскиот арбитражен суд и тврди дека Онана по грешка го земал лекот „Lasix“ кој го пиела неговата сопруга.

Објавено е дека на 30 октомври минатата година во неговата урина е пронајдена недозволена супстанца и поради тоа доби забрана за вршење било каква работа поврзана со фудбал.

Ајакс се надева дека со жалбата Онана ќе добие условна казна или пак суспензијата ќе биде намалена.

„Утрото, 30. октомври Онана не се чувствувал добро и земал таблета „Lasix“ за да му биде подобро. Случајно го земал лекот кој е препишан на неговата сопруга“, стои во соопштението од клубот од Амстердам.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Јувентус мисли дека 10 милиони евра се многу за Емилијано Мартинез?

Јувентус не е подготвен да плати на Астон Вила 10.000.000 евра и бонуси за голманот Емилиј…