Дома Фудбал „Тајниот план“ на Перез – да го продаде Винисиус за 300 милиони евра и да купи три ѕвезди

„Тајниот план“ на Перез – да го продаде Винисиус за 300 милиони евра и да купи три ѕвезди

Времето и животот се менуваат, па така судбината на многу играчи е навистина несигурна, нешто што би можело да му се случи и на Винисиус Јуниор, кој е на работ на заминување од Реал Мадрид и преселување во Саудиска Арабија.

Реал Мадрид го доведе ова лето Килијан Мбапе и составен е еден од најсилните напади во светот, но сега овој состав може да претрпи значителна промена.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Богатите Арапи му нудат неверојатни суми на Бразилецот за договор, а освен тоа, Реал би добил рекордна сума од околу 300 милиони евра.

Секој има свое мислење и свои информации, но новинарот Алберто Переиро многу е јасен за тоа што Реал Мадрид треба да направи ако се потврди заминувањето на Бразилецот и што всушност е некаков „таен план на Перез”.

„Ако Реал Мадрид заработи 300 милиони, ќе го потпише Родриго”, изјави новинарот кој верува дека одличниот Шпанец од редовите на Манчестер Сити е желба на првиот човек на Реал.

Втората желба е Ерлинг Халанд. Норвежанецот е долгорочна желба на „кралевите“, а сонот на Перез е да го спои еден ден со Мбапе.

И третата, можеби најреалистична опција е да се доведе Вилијам Салиба. 23-годишниот француски дефанзивец моментално е во Арсенал, но во Мадрид го гледаат како долгорочно решение на позицијата стопер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Адеми го потврди триумфот на Динамо со гол (видео)

Динамо Загреб конечно успеа да забележи победа во хрватското првенство. Вечерва на домашен…