Ракометарите на Македонија се вратија од Светското првенство во Египет на кое го освоивме 23. место.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Еден од играчите кои добија најмногу критики беше Филип Талески. Денес Талески беше гостин во утринската програма на МТВ каде помеѓу другото зборуваше и за иднината на репрезентацијата.
„Дојде време да преземеме одговорност. Мораме да почнеме самите од себе и да ги решиме „бубачките“ во главата и да дојде денот кога ќе ја водиме репрезентацијата. Критиките се добредојдени, но некогаш се и премногу лични. Ракометот стана број еден и се очекува многу од нас на секој голем настан. Јавноста не ја знае целата слика, едно е кога сте внатре, друго кога гледате од надвор. Верувам дека Македонија во иднина пак ќе биде горда на ракометарите, имаме иднина и ќе го докажеме тоа“, изјави Талески.