Вчера Барселона играше куп натпревар против третолигашот Ибица.
Каталонците до победата дојдоа потешко од очекувањата. Ибица на полувремето водеше со 1:0. Барселона во второто полувреме направи пресврт со двата гола на Гризман. Вториот гол Французинот го постигна во 94. минута од натпреварот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Ибица, Пабло Алфаро изрази жалење што неговиот тим изгубил на таков начин.
„Горд сум на она што моите играчи го прикажаа. Меѓутоа ова беше катастрофа, изгубивме на суров начин. Сепак, покажавме дека овој тим има душа, невозможно е да барам нешто повеќе. Треба да и честитаме на Барселона и им посакуваме да стигнат далеку во купот“, изјави Алфаро.