Дома Топ вести TРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Во Торино се чека голема потврда, Јунајтед поставува рекорд, Пандев знае кој клуб е идеален за Елмас

TРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Во Торино се чека голема потврда, Јунајтед поставува рекорд, Пандев знае кој клуб е идеален за Елмас

Откако се реализираше трансферот на Гризман главна тема на трансфер пазарот е Матијас Де Лихт. Италијанските и холандските медиуми на големо најавуваат негово пристигнување во Торино до крајот на денот. Следиме што се случува….

– Утрово мал дел од шпанските медиуми објавија дека Барселона направила очајнички обиди да ја врати „пол-позицијата“ за Де Лихт, но ситуацијата останала непроменета. Де Лихт денес се очекува во Торино.

– „Л’Eкип“ најавува дека ПСЖ во текот на идната недела ќе го комплетира трансферот на Диало од Борусија Дортмунд. (ОВДЕ)

– Веста која се појаи вчера се потврдува и денес – Манчестер Јунајтед го прави Мегваер најскап дефанзивец во историјата! (ОВДЕ)

– Ромелу Лукаку има само една желба, а тоа е трансфер во Интер! (ОВДЕ)

– Македонскиот капитен, Горан Пандев порача дека Наполи е идеален клуб за Елиф Елмас. (ОВДЕ)

– Шпанците најмногу потрошија во овој трансфер рок до овој момент. Погледнете ја целата листа. (ОВДЕ)

– Официјално: Ветеранот Роберто Солдадо наредната сезона ќе го носи дресот на Гранада.

– Официјално: Икер Касиљас повеќе нема да брани во Порто, но ќе добие друга функција. (ОВДЕ)

– Откако ќе пристигне Де Лихт, во Јувентус би требало да следи „распродажба“ (ОВДЕ)

– Според последните информации пристигнувањето на Де Лихт се очекува после прес-конференција на која ќе биде претставен Арон Рамзи, таа е закажана за 14:30 часот.

– Плановите на Барса за продолжение од преодниот рок! (ОВДЕ)

– После Реал Бетис интерес за капитенот на Лион, Набил Фекир покажаа Севиља и Валенсија. Засега се останува на тоа од претходно дека Бетис е фаворит за неговиот потпис, трансферот би требало да изнесува 30 милиони евра.

– Бенџамин Павар во Баерн Минхен ќе го носи дресот со број 5.

– Eдинствената препрека за трансферот на Бенасер во Милан е надмината. Се чекаше само да се види дали Арсенал ќе испрати понуда (имаа предност во однос на другите клубови), но откако е јасно дека нема понуда од Арсенал. Бенасер е на чекор од трансфер во редовите на „росонерите“.

– Многу се шпекулираше, но Пари Сен Жермен не испратил официјална понуда за Сандро Тонали од Бреша.

– Eрик Тен Хаг (тренерот) на Ајакс: Знаевме дека Де Лихт ќе го напушти клубот.

– Заврши прес-конференцијата на Арон Рамзи во Торино, меѓутоа во овие моменти навивачите на „старата дама“ сигурно со нетрпение исчекуваат да го видат Де Лихт во Торино.

– Официјално: Оливер Торес е нов фудбалер на Севиља.

– И спортскиот директор на Ајакс, Марк Овермарс потврди дека трансферот на Де Лихт е завршен:

„Сега преостанува само да се завршат банкарските гаранции, се друго е завршено“.

– СОСТАНОК ВО ПАРИЗ! Нејмар се врати во Париз и одржал состанок со Леонардо кој траел три часа! Бразилецот не одржал тренинг и не ги поминал вообичаените медицински тестови (ОВДЕ)

– Официјално: Младиот Мејсон Моунт потпиша професионален, петгодишен договор со Челзи.

– Милан, Рома и Наполи сакаат во своите редови да го доведат Жан Мишел Сери од Фулам, но англискиот клуб бара оштета од 22 милиони фунти. (ОВДЕ)

– Нејмар со фотографии ги демантираше информациите дека денес не тренирал.

– Oстровските медиуми најавуваат голем пресврт во ситуацијата и останување на Пол Погба во Манчестер Јунајтед.

– Бартомеу потврди дека Барселона за да го купи Гризман подигнала кредит (ОВДЕ).

– Во Баерн изгледа се откажале од намерата да го ангажираат Паоло Дибала (ОВДЕ)

– Медиумите пишуваат за можна размена помеѓу Рома и Тотенхем во која младиот Заниоло би завршил во Лондон. (ОВДЕ)

– Договорено: Саломон Рондон ќе биде првото засилување за Бенитез во Кина!

– Мартин Шкртел е пред заминување од Фенербахче, а кариерата би можел да ја продолжи во тимот на неговиот поранешен соиграч Стивен Џерард, Ренџерс.

– Италијанските медиуми, поточно „Медијасет“ и понатаму тврди дека има шанси Де Лихт до крајот на денот да пристигне во Торино.

– Спортскиот директор на Рома се огласи на тема Заниоло:

„Заниоло не е трансфер листата, но во фудбалот се е можно. Во минатото никој не веруваше дека Јувентус ќе го продаде Зидан, па тоа се случи“.

– Рајо Ваљекано одбил три милиони евра фиксно и еден ипол како бонуси за услугите на Столе Димитриевски. За услугите на нашиот голман Рајо бара шест милиони евра.

– Циркус! Украдено е интрвју во кое Нејмар открива се!? (ОВДЕ)

– Најавите на италијанските и холандските медиуми не се покажаа како точни, Де Лихт и денес не пристигна во Торино…

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…