Дома Трансфер зона Л’екип: ПСЖ следната недела ќе го комплетира трансферот на играчот на Борусија Дортмунд

Л’екип: ПСЖ следната недела ќе го комплетира трансферот на играчот на Борусија Дортмунд

Како што пренесуваат француските медиуми, играчот на Борусија Дортмунд, Абду Диало следната недела би требало да стане петото засилување за ПСЖ ова лето.

Спортсиот директор на францускиот првак, Леонардо, тоа го најави претходната недела во изјава кога рече дека на ПСЖ му треба засилување во одбраната откако пропаднал трансферот на Де Лихт од Ајакс, а името на Диало се појави како можна опција.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


23-годишниот Даило беше стандарден првотимец во тимот на Борусија, но со доаѓањето на Матс Хумелс од Баерн посака да ги напушти редовите на германскиот тим.

Покрај ПСЖ, интерес за неговите услуги покажува и Лион кој пред некое време беше фаворит во однос на Парижаните, но сега сепак ќе заврши во редовите на францускиот првак.

Л’екип пишува дека ПСЖ треба да плати 32 милиони евра на Дортмунд, а Диало би требало да потпише петгодишен договор со францускиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…