Дома Трансфер зона Јуве го завршува трансферот на Де Лихт, а потоа продава шест ѕвезди

Јуве го завршува трансферот на Де Лихт, а потоа продава шест ѕвезди

Јувентус денеска ќе го претстави Ремзи, а во текот на вечерта во Торино на лекарски прегледи ќе пристигне Де Лихт.

Холанѓанецот ќе биде платен 70 милиони, а ќе се придружи на Велшанецот, Рабио, повратникот Буфон, Пелегрини од Каљари и Демирел од Сасуоло и Ромеро кој е вратен на позајмица во Сасуоло како ново засилување на клубот. Пелегрини ќе оди на позајмица, а можно е Демирел да биде испратен во Милан на една сезона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јавноста се прашува кој е следен потег на Јувентус?

Сега следуваат продажби, Перин е на чекор од Бенфика, уште претходно беа продадени неколку млади играчи, па Јуве веќе заработи околу 100 милиони евра од продажбите. Но, треба да се направи место за следните засилувања.

Кој би можел да си оди?

Прв на листата е Кансело, се чекаат Баерн и Сити, цената е 60 милиони евра, Португалецот најверојатно ќе го напушти клубот. Место нема за Манџукиќ, кој сака во Баерн, како и Игуаин кој за сега одбива да си оди во Рома.

Два напаѓачи мораат да си одат, за да се направи простор за доведување на Икарди и Киезе, Јуве е спремен во двата трансфери да вложи повеќе од 100 милиони евра. За да соберат дел од парите, освен двајцата искусни напаѓачи, сакаат да се ослободат уште и од Матуиди кој има понуда од Франција, како и од Кедира кој го одби Фенербахче.

Диабала изгелда ќе остане, а ако го продолжи договорот, би можел да биде жртвуван Кеан, за кого се одбиени понуди од Премиер лигата од 30 милиони евра. Бонучи одлучи да остане, иако нема да биде стандарден, а се чека одлуката на Сари околу Дармиан кој би пристигнал во случај Кансело да си оди, иако пореално е Квадрадо да биде десен бек. Заниоло има договор со Јуве, а Рома сака да го продаде на Тотенхем. За Јуве идеална солуција е да направат трампа за Игуаин, но за сега „Пипита“ одби да си оди.

Во секој случај, план е пет или шест играчи да го напуштат Торино, а до крајот да бидат доведени двајца и тоа напаѓачи. Икарди е прва цел до крајот на трансфер периодот. Што значи, во Јуве ова лето имаат многу работа за да ја состават екипата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Бомба“: Баерн Минхен го сака Ван Дајк

Фудбалерот на Ливерпул Вирџил ван Дајк размислува да го напушти клубот.  Ван Дајк нал…