Дома Трансфер зона Рома и Тотенхем договорија голема трампа – Заниоло се сели во Лондон

Рома и Тотенхем договорија голема трампа – Заниоло се сели во Лондон

Николо Заниоло оваа сезона е најголемо откритие во Серија А и го привлече вниманието на голем број европски гиганти.

20-годишниот офанзивен играч за врска минатото лето пристигна во Рома и во својата прва сезона на „Олимпико“ буквално „експлодира“ па дури и доби повик за италијанската репрезентација.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Цената на Заниоло вртоглаво порасна оваа сезона, а Италија се чини конечно доби играч кој ќе може да блеска во репрезентацијата во наредните десетина години.

Во моментов Заниоло преговара со Рома за нов договор, кој ќе биде финансиски далеку подобар од актуелниот, но на маса има и понуди од Јувентус и Тотенхем.

„Спарси“ во него гледаат идеален наследник на Кристиан Ериксен, а италијанските медиуми тврдат дека се блиску до договор со Рома.

Тотенхем за потписот на Заниоло е спремен да понуди 23 милиони евра плус Тоби Алдервајлед, па целиот трансфер би изнесувал околу 50 милиони евра.

Рома наводно веќе ја прифатила понудата, па останува уште Заноло да ги договори личните услови со англискиот клуб за да се комплетира размената.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…