Дома Трансфер зона Лукаку се откажува од пари, само да се пресели во Интер

Лукаку се откажува од пари, само да се пресели во Интер

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку е спремен да направи финансиска саможртва за да се пресели во редовите на милански Интер.

Белгиецот преку својот агент дал индикации дека е спремен да добива далеку помала плата од сегашната која ја има на „Олд Трафорд“, што треба да биде прв чекор кон реализација на трансферот.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Интер не го крие интересот кон Лукаку, кој е приоритет на Антонио Конте и веќе ги започна преговорите со Манчестер Јунајтед.

Проблем е што „црвените ѓаволи“ за неговата слобода бараат 75 милиони фунти и не се спремни да прифатат понуди како позајмица со задолжителен откуп.

Поради тоа Лукаку е спремен да ги намали барањата за плата, со цел да му „помогне“ на Интер што е можно побрзо да го реализира трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Гиљермо Очоа наредната сезона ќе брани во нов клуб

Во текот на актуелната сезоната Салернитана промени три тренери, но и понатаму се мачи со …