На германскиот голман, Лорис Кариус ќе му бидат направени посебни прегледи низ кои поминуваат играчите во американскиот фудбал.
Финалето од овогодинешното издание во Лигата на шампионите ќе остане запаметено по грешките на Лорис Кариус.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Голманот на Ливерпул му подари два погодоци на Реал Мадрид кој така стигна до новата титула европски шампион.
Грешките кои Кариус ги направи во 51 и 83 минута беа навистина почетнички, посебно првата. Сепак, стручњаците сметаат дека сето тоа не е случајност. Докторите на
Ливерпул го испратија Кариус на дополнителни прегледи во САД, пишува „ЕСПН“.
Германецот веднаш после финалето во Лигата на шампионите отпатувал во САД на одмор, но итно бил упатен на прегледи во клиника која се наоѓа во Бостон.
Како што пренесува споменатиот одмор, Лорис Кариус ќе го прегледа докторот Рос Зафонте кој е специјализиран за повреди на главата кај спортистите, посебно кај оние кои се занимаваат со американски фудбал.
Да потсетиме, дека Кариус во 49 минута доби удар во главата од страна на Серхио Рамос, па многумина сметаат дека грешките на голманот на Ливерпул не беа случајни.