Дома Фудбал Англија Tухел: Уште не сме свесни дека Абрамович заминува, тоа ќе биде огромна промена

Tухел: Уште не сме свесни дека Абрамович заминува, тоа ќе биде огромна промена

Вчера рускиот милијардер Роман Абрамович и официјално потврди дека си заминува од Челзи.

Најуспешните години тимот од „Стенфорд Бриџ“ ги имаше токму откако рускиот тајкун го презема раководењето. За менаџерот Томас Тухел ова е голема промена.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Прерано е да се зборува, но можам да кажам дека не можам да си го замислам Челзи без Абрамович. Уште не сме свесни дека навистина си заминува, секако дека станува збор за огромна промена. Не разговаравме за тоа пред натпреварот против Лутон, меѓутоа денес фудбалерите имаат интернет и следат се што се случува“.

„Некои фудбалери можеби беа позагрижени, но на крајот останавме фокусирани. Ова секако се големи вести, меѓутоа не сум човек кој се плаши од промени“, изјави Тухел.

Ќе потсетиме, Абрамович се одлучи на продажба на се што поседува на Островот поради ситуацијата во Украина и можните санкции поради неговиот близок однос со Владимир Путин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Анчелоти прв разбра каков товар го чека Модриќ, го замоли Перез и доби ладен одговор: “Не!”

Карло Анчелоти се соочува со потенцијално отпуштање од клупата на Реал Мадрид и неговото з…