Дома Топ вести TРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Јанг пристигна во Милано се чека Ериксен, Јувентус сака размена со Барса, Олмо и Милан

TРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Јанг пристигна во Милано се чека Ериксен, Јувентус сака размена со Барса, Олмо и Милан

Зимскиот преоден рок влегува во завршницата, па така за некои зделки за кои се пишува од самиот почеток доаѓаат до самиот крај. Со Спортски следете се што се случува на трансфер пазарот.

Се појави видео кое може да биде доказ дека Ериксен е пред трансфер во Интер! (тука)

Младиот Рис Џејмс го продолжи договорот со Челзи до 2025 година.

Хрватите и после демантот на Милан упорно тврдат – ова се деталите за трансферот на Олмо во Милан! (тука)

Рома постигна договор! Риџер Ибањес од Аталанта ќе ја засили „волчицата“. Овој играч се поврзуваше и со Болоња, но на крајот клубот од Рим ја доби трката.

Според информациите на реномираниот „Билд“ Баерн нема намера да го откупи Перишиќ и на крајот од сезоната ќе го врати во Интер. (тука)

Договорено! Искусниот Лукас Бариос кој некогаш блескаше во Борусија Дортмунд пристигнува во Химнасија Ла Плата. Аргентинскиот клуб кој од клупата го предводи Диего Марадона ќе потпише договор со Бариос на шест месеци.

ПСЖ ја одреди цената за Кавани! (тука)

Шведксиот напаѓач Џон Гуидети од Албарес би требало да се пресели во германски Хановер на позајмица.

Пепе Реина откри дека во Милан дошол бидејќи Џанлуиџи Донарума требало да биде продаден (тука)

Според најавите денес во Милано се очекува да пристигне Ешли Јанг на лекарски прегледи. Спинацола се уште чека да се договорат Интер и Рома.

Поранешниот италијански тренер, а сегашен стручен коментатор Енрико Феделе  зборуваше за македонскиот фудбалер, Елиф Елмас.

„Тој е дете и го доведувате на позиција каде ги имате Руиз и Зјелински. Македонскиот фудбалер прво треба да игра за клубови како Сасуоло, Џенова или Сампдорија“. (тука)

Албанскиот дефанзивец Амри Рахмани пристигна на лекарски прегледи во Наполи.

Изненадувчка вест од италијанските медиуми! Јувентус и нуди размена на Барселона, „старата дама“ сака да стигне до потписот на Иван Ракитиќ, а за возврат на Каталонците им го нуди Фредерико Бернардески кој не е на потребното ниво оваа сезона.

„Скај Спорт“ пренесува дека Милан е заинтересиран за левиот бек на Виган Ентони Робинсон.

Ако Лестер остане без Бен Чивел како негова замена би можел да биде доведен Рајан Бертранд.

Официјално: Аталанта го откупи Дуван Запата од Сампдорија. Со оглед на тоа како играше Запата ова е и очекуван потег.

Најавите за Ешли Јанг се покажаа како точни! Јанг пред малку слета на аеродромот Милано! Следуваат лекарски прегледи и потпис…

На Арда Туран му заврши позајмицата со Башакешир и има уште шест месеци од договорот со Барселона. Јасно е дека турскиот фудбалер не е во плановите на Барса, па наводно самиот се понудил на Бока Јуниорс.

Солскјер за трансферот на Ешли Јанг:

„Му беше одлично тука, но време беше да проба нешто ново“.

Мајорка за која игра нашиот Александар Трајковски наводно размислува за ангажман на Диего Лаксалт од Торино кој во редовите на „биковите“ настапува како позајмен играч од Милан. Претходно се најавуваше и дека Милан може да го врати.

Кога сме веќе кај Мајорка и Трајковски. Мкедонскиот фудбалер ова зимо нема да ја напушти Мајорка иако не доби премногу шанса. Наводно Трајковски се покажал на подготовките и ќе добива повеќе шанса во вториот дел од сезоната, барем така тврдат дел од шпанските медиуми.

После Јувентус и Интер покажува интерес за Таит Чонг. На младиот фудбалер на Манчестер Јунајтед на крајот од сезоната му истекува договорот со „црвените ѓаволи“ и не сака да го продолжи. Неговите агенти ја бараат најдобрата опција за трансфер.

Eве и видео од пристигнувањето на Јанг.

Се спрема чистка во Баерн – осум играчи на мета за заминување! (тука)

Официјално: Пропадна трампата помеѓу Рома и Интер! Политано откако се сликаше во боите на Рома сега ќе се врати во Интер. Спинацола чекаше договор, но до него не дојде. (тука)

Жозе Мурињо на прес-конференцијата пред утрешниот натпревар со Вотфорд истакна дека смета на Ериксен. Изгледа Интер ќе мора да ја донесе понудата до 20 милиони евра.

Валтин Лазаро не ги оправда очекувањата во Интер, а сега интерес за него покажа и Џенова. Претходно овој играч се поврзуваше со Вердер и Њукасл.

„Скај“ порачува: Нема дилеми, Бруно Фернандеш ќе стане играч на Манчестер Јунајтед. Според информациите на овој медиум се чека само да помине вечерашниот натпревар помеѓу Бенфика и Спортинг, после што се ќе биде потврдено.

Емре Чан побарал итен состанок со Јувентус! Чан не беше во ростерот за куп на натпреварот против Удинезе и фудбалерот стравува дека поради статусот во Јувентус може да го пропушти Европското првенство. (тука)

Шпански „Ел Десмарке“ пренесува дека Тотенхем покажал интерес за ангажман на Жоао Кансело кој нема добра сезона во Манчестер Сити.

Тимо Вернер веќе подолго време се поврзува со разни клубови, а сега според „Билд“ фаворит за неговиот потпис е Челзи. Сепак, се потенцира дека работата е далеку од завршена.

Жозе Мурињо најави дека Тотенхем најверојатно до крајот на месецот во целост ќе го откупи договорот на Џовани Ло Селсо.

Лукас Подолски после авантурата во Висел Кобе би можел да се врати во Европа, интерес за него покажа тимот на Анталиспор. (тука)

Френк Лампард побара Вилијан да остане во клубот (тука)

Ни пристигна потврдата за Гуидети. Шведскиот напаѓач е нов играч н Хановер. Во германскиот тим Гуидети ќе настапува како позајмен играч до крајот на сзоната.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Неверојатна грешка на Ноер за која долго ќе се зборува (видео)

Баерн Минхен го пречекува „фенерџијата“ Падерборн и на полувремето резултатот е 1:1. Домаќ…