Поранешниот тренер, а денес стручен коментатор Енрико Феделе смета дека македонскиот репрезентативец Елиф Елмас избрзал со трансферот во Наполи.
Елмас во Наполи пристигна за сума од 16 милиони евра, плус бонуси на барање на Карло Анчелоти кој повеќе не го води Наполи. За Феделе тоа не било паметен потег. Според Феделе потенцијалнот на Елмас не е спорен, но тој смета дека прво македонскиот бисер требало да игра во помали клубови.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Зборувате згрешиле со Руиз и Лозано? Дали Елмас беше грешка? Тој е дете и го доведувате на позиција каде ги имате Руиз и Зјелински. Македонскиот фудбалер прво треба да игра за клубови како Сасуоло, Џенова или Сампдорија. Анчелоти имаше некоја визија, но не му успеа. Едноставно сакаше да направи нешто што не можеше. Имаше некоја идеја играчите во Наполи да играат на различна позиција, но тоа се покажа како невозможно“, искоментира Феделе.