Дома Македонски спорт Мак ракомет Tинејџерот Мело не можел да си поверува дека го бара клуба како Вардар

Tинејџерот Мело не можел да си поверува дека го бара клуба како Вардар

Вардар изненади со ангажманот на португалскиот тинејџер Нилтон Мело, а и самиот ракометар не можел да поверува кога пристигнала понудата од црвено-црните.

Станува збор за ракометар кој има 19 години и игра на позицијата лев бек. По потврдата на трансферот за медиумите во Португалија, Мело зборуваше за моментите кога му пристигнала понудата од Вардар.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Со моите менаџери баравме проект кој би бил доволно професионален и каде што ќе можам да напредувам. Ми пристигнаа неколку понуди, но кога дојде онаа од Вардар не размислував многу, Вардар не се одбива. Искрен не можев да поверувам дека клуб со таква историја и традиција сака да доведе тинејџер како мене“, изјави Мело.

Многу брзо се очекува Мело да пристигне во Скопје каде што ќе биде и официјално претставен. Вардар зад себе има слаба сезона во која заврши на третата позиција во првенството зад шампионот Еурофарм Пелистер и Алкалоид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Тага во регионот: Почина млада спортистка и репрезентативка на само 17 години

Зана Албиновиќ, член на кик бокс клубот Спартак од Бреза и репрезентативка на Босна и Херц…