Дома Фудбал Суперѕвезда за 300 милиони евра бега од Реал? Кралевите имаат подготвена замена

Суперѕвезда за 300 милиони евра бега од Реал? Кралевите имаат подготвена замена

Виктор Осимен би можел ова лето да заврши во – Мадрид. Тој сензационален трансфер е сериозна опција во случај Винисиус Жуниор да замине за Саудиска Арабија.

Според пишувањата на порталот Fichajes, Реал во нигерискиот голгетер гледа замена за Бразилецот кој оваа сезона постигна 20 голови и 14 асистенции во 42 натпревари.

Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓


Винисиус се најде во искушение поради мегаломанската понуда од Саудиска Арабија. Наводно, неназначениот клуб е подготвен да му понуди петгодишен договор вреден милијарда евра! Покрај тоа, Реал би инкасирал 300 милиони евра од неговата продажба!

Токму затоа приказната за Осимен не е за отфрлување, особено имајќи предвид интересната ротација која би се случила во нападот на Реал во тој случај. Ако Нигериецот дојде во Мадрид, би ја зазел позицијата ‘деветка’, додека Килијан Мбапе би се преселил на левото крило.

Со Наполи има договор до летото 2026 година, но јасно е дека газдата Аурелио Де Лаурентис сака да го монетизира ова лето. Откупната клаузула изнесува 75 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

7 од 7: Убиствената серија на Ханзи Флик на финалината продолжува

Барселона го победи Реал Мадрид со 3:2 на финалето за Купот на Шпанија по драматичен натпр…