Дома Луд Спорт Судија погоден со шипка во глава🎥

Судија погоден со шипка во глава🎥

Голем инцидент се случи на натпреварот од третото коло на аргентинската Апертура меѓу Годој Круз и Талерес од Кордоба, кој беше прекинат поради немили сцени.

Резултатот уште беше 0-0 кога помошникот судија беше погоден со метална шипка во глава од страна на навивачите. Крвареше, му беше укажана лекарска помош по што му беше санирана повредата.


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


По консултација со капитените, судијата Хаел Фалкон Перез одлучи да го прекине натпреварот.

„Нема можност натпреварот да продолжи, не можеме да дозволиме некој од нас да се повреди. Ако не ја прекинам играта, вакви работи ќе продолжат да се случуваат. Знам дека играчите не се виновни, одговорни се нецивилизираните навивачи“, изјави главниот судија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Пожар на „Етихад“ пред клучниот меч во Лигата на шампиони🎥

Шокантни сцени пристигнуваат од Манчестер, каде пожарникарите мораа да реагираат на помалк…